Одложена посетата: Косовскиот заменик Министер не доаѓа во Идризово за да се сретне со терористите од Диво Насеље

Посетата на косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, најавена за денеска, се одложува, јавува Алсат.

Како што најави Салаху, на неговата агенда беше ставена и посета на косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, односно за настаните од мај 2015 година во Куманово.

Сепак, македонскиот заменик-министер за правда, Агим Нухиу потврдувајќи дека денеска треба има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, изјави дека не била предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“, туку само со раководството на затворот Идризово.

Засега не се знае дали токму тоа е причина за одложување на најавената посета.

09.12.2021 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа