Од утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноч.

Минатата недела имаше намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Бензините поевтинија за половина денар за литар, додека цената на дизелот остана иста.

Со тоа малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98  се продава за 61 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) останаа 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,109 денари за килограм се намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 26,754 денари.

Останува да видиме дали не чека ново намалување на цените и утре.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега