Од патарини наплатени 581.137.560 денари во првиот квартал
Приходите од наплата на патарина на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава изнесуваат 581.137.560 денари, односно 16,37 проценти од вкупно планираниот приход во тој основ за 2022 година.
Во споредба со истиот период лани приходот од патарини е поголем за 6,81 процент, односно за 37.070.841 денар, покажува Извештајот за финансиското работење на ЈПДП за првиот квартал годинава.
Од делот од акцизата од нафтени деривати приходите на ЈПДП во првиот квартал годинава изнесуваат 992.499.126 денари, односно 21,34 проценти од планираните за годинава.Приходот по тој основ во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани се зголемени за 50,54 проценти, односно за 333.191.925 денари.
Според извештајот на ЈПДП, приходите од надоместот за употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса) што се наплаќа при регистрација на возила изнесуваат 406.271.881 денар, или над 19 проценти од планираните средства за годинава.
Во периодт јануари-март годинава во споредба со истиот период лани ЈПДП има оставрено повеќе приходи за 386.856.456 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа