Обвинителот утврдува одговорност за вчерашната престрелка во Скопје: Едно лице се бори за живот

Две лица се здобиле со повреди, а потоа биле пренесени во ЈЗУ-Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ откако вчера во деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир и пукале еден во друг.

Како што потврдија од МВР, вчера во 13:04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

– Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочија од МВР.

Ообвинителот утврдува дали и некое од другите две лица употребило пиштол во вчерашната престрелка. Засега се издадени само наредби за вештачење на повеќе предмети, меѓу кои куршумите и пиштолите. Бидејќи не е утврдена одговорност, обвинителот не може да побара притвор. Затоа, двете други лица кои учествувале во вчерашните инциденти се на слобода по информативниот разговор во полициска станица.

„По насоки на јавниот обвинител, вчера беше извршен увид на повеќе локации во Скопје поврзани со инцидентот. Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за вештачење на траги, а се вршат и информативни разговори со повеќе лица со цел да се утврдат фактите во предметот и кривичната одговорност“, велат од Обвинителството за „А1он“.

По вештачењата, ќе се утврди и што точно се случувало пред Градската болница. Засега е познато дека еден од повредените е во тешка здравствена состојба, додека другиот е вон животна опасност. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега