Облечете се топло: Минусни температури, голомразица и снег

Надлежните екипи на УХМР известуваат дека денеска не очекува малку до умерено облачно, многу студено и ветровито време. Во северните делови значително облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од -5 до 3 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 0 степени.

24.01.2022 - 07:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега