Нуспојави кои покажуваат дека вакцината делува

Милиони луѓе кои примиле вакцина против Ковид-19 доживеале несакани ефекти и тоа е добар показател дека имунитетниот систем се подготвува да реагира во случај на инфекција, но доколку таквите знаци изостанат, нема причина да се грижите, велат експертите.

Отсуството на реакција не значи дека лицето е незаштитено, затоа нема причина да се грижите, изјавија тројца експерти, Пол Офит, директор на Центарот за вакцини во Детската болница во Филаделфија, д-р Глен Рол, имунолог од Fox Chase Cancer Center, исто така од Филаделфија и д-р Сара Колс од Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Аризона.

Вакцината делува дури и ако немате несакани ефекти. Многумина имаат несакани ефекти, а многумина немаат, изјави д-р Колс.

Отсуството на главоболка или треска не е причина за загриженост, вели Пол Офит и објаснува.

Сигурно е дека не мора да имате несакани ефекти за да знаете дека сте заштитени.
Со други зборови, и двете појави, стекнување на имунитет и несакани ефекти, се резултат на низа предупредувања во имуниолошкиот систем по вакцината. Но, само затоа што првичното воспаление успешно го стимулирало производството на антитела и други видови на одбрана од болести, не значи дека нужно мора да предизвика повишена температура.

Дали луѓето ќе имаат несакани ефекти зависи од други фактори, а не само од нивниот имунолошки систем, а тоа се замор, стрес и начинот на кој ја доживуваат болката, објаснува Колс.

Процентот на различни реакции варира од вакцина до вакцина, а кај вакцините со две дози, несаканите ефекти се почести по втората доза.

При употреба на вакцината Pfizer/Biontek, во клиничките испитувања, 3,7 проценти од учесниците на возраст од 18. до 55. години имале треска по првата доза а 15,8 проценти по втората. Половина имале главоболки по втората доза, но тие беа главно слаби. Сите овие ефекти се минливи и траат еден или два дена.

 

Во ретки случаи, потешка алергиска реакција наречена анафилаксија се јавува за неколку минути по вакцинирањето, а лекарите се секогаш подготвени да интервенираат со EpiPen (уред за автоматско инјектирање адреналин) или слично што содржи епинефрин.

Конечно, Офит, Рал и Колс зборуваат за системски несакани ефекти а не за „локални“ ефекти како што се болка во рамото инјектирана со вакцина или црвенило на местото на инјектирање, бидејќи овие феномени се чести, но занемарливи во споредба со она што би можело да се случи доколку се разболите од ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2021 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега