Ново поскапување на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија треба да соопшти какви ќе бидат цените на горивата од полноќ, а во меѓувреме „Гориво.мк“ ги објави новите цени.
Според податоците на „Гориво.мк“ цените од полноќ се менуваат, односно нè очекува ново поскапување.
Бензинот БС-95 од полноќ ќе чини 111 денари, додека бензинот БС-98 ќе чини 112 денари, а цената на Дизелот се зголемува за 2,5 денари и ќе биде 102 денари.
Сепак, треба да се почека и официјалната одлука од РЕК.
06.06.2022 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа