Новата британска варијанта може да биде посмртоносна

Првичните докази покажуваат дека новата варијанта на коронавирусот која се појави во Велика Британија може да биде посмртоносна од првичната, изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.

Податоците се добиени од научници во Советодавната група за закани од нови респораторни вируси.

Сепак, сите докази се од прелиминарна фаза, пишува Би-Би-Си.

Студијата веќе покажа дека оваа верзија многу полесно се шири од другите варијанти на вирусот.

Овој сој за првпат беше откриен во Кент во септември, минатата година. Оттогаш стана доминантна варијанта на вирусот во Англија и Северна Ирска и се прошири во повеќе од 50 други држави.

-Покрај тоа што брзо се шири, сега се чини дека има и некои докази кои покажуваат оти новата варијанта може да биде поврзана со повисок степен на смртност, изјави Џонсон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега