Тажно во Обреновац: За само една секунда 6 деца останаа без своите татковци

24 годишниот Мирослав Драгојловиќ и 34 годишниот Зоран Николиќ вчера загинаа во страшна сообраќајнанесреќа кај Ушче, во близина на Обреновац, Србија. Како што јавуваат српските медиуми, тие возејќи се на моторцикл марка Кавасаки удриле во автомобил на патот и загинале на лице место.

Во јавноста кружат две верзии за причините за несреќата. Според едната, возачот на автомобилот во кој удриле со моторот излегувал од својот двор и се приклучувал во сообраќајот. Според другата, човекот излегол од автомобилот и го оставил среде улица додека ја отварал капијата од својот двор за да се паркира. 
Полицијата се уште го истражува случајот.
25 годишниот Мирослав имал жена и 2 деца, а 34 годишниот Зоран бил татко на 4 малолетни дечиња.

ж

10.06.2014 - 21:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега