ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ тоне во жива кал и сака да ја повлече државата

 

На сите им е јасно дека СДСМ се заглавени во сопствената безидејност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите.

-Тонејќи во жива кал, со себе се обидуваат да ја повлечат и државата. На СДСМ воопшто не им е важно тоа што нивното срамно, неодговорно и несовесно однесување и носи, и ќе и носи штета на Република Македонија. Со обидите за сценирање на некаква си политичка криза во Македонија, СДСМ се обидува да ја прикрие својата криза. Македонија не треба и не може да биде жртва на личните и теснопартиски интереси и кавги на луѓето од раководството на оваа партија, велат од владејачката партија. 

26.05.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега