Македонија ја очекуваат нови избори

 

Нови избори во шестата изборна единица за пополнување а едно пратеичко место ја очекуваат Македонија. Ваквата разврска на настаните следи откако пратеникот на НДП, Руфи Османи ја поднесе оставката во Собранието, а тоа на денешната седница констатираше дека му прекинува мандатот. 
Тоа значи дека неговиот мандат ќе му биед понуден на следниот кандидат од листата на НДП, но со огледн а тоа дека неговата партија реши да не учествува во работата на Собранието, се очекува и тој да го одбие мандатот, како и сите останати кандидати. Со исцрпувањето на листата ќе се отвори потреба од распишување на дополнителни избори за 1 пратеник во шестата изборна единица. Доколку тоа се случил, извесно е дека ДУИ ќе го зголеми бројот на пратеници во Собранието од 19 на 20.

26.05.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега