Црвенковски повторно ги контролира Заев и Шекеринска
Извори од најголемата опозициска партија СДСМ велат дека средбата помеѓу Бранко Црвенковски и актуелниот лидер на партијата, Зоран Заев, средба со која СДСМ и Заев покажаа единство, но и цврсто продолжување по патеките зацртани од Црвенковски и прифаќање на неговите политики и совети.
Според аналитичарите, овој чекор уште еднаш потврдува дека Црвенковски има строга контрола на партијата и дека што и да се случи: - Менторството на Црвенковски во СДСМ никогаш и не престанало. Иако во јавноста, особено последнава година, кружеја информации дека Црвенковски конечно замина од политичката сцена и од политиката, сепак наивно е да се очекува дека неговата политичка илегала ќе биде трајна опција. Како што многупати до сега сум констатирала, Црвенковски ниту заминал, ниту во блиска иднина ќе замине од вистинската лидерска фотелја на СДСМ. Неговите инсталации се толку силни и непробојни во партијата што е тешко да се претпостави до кога тие ќе го имаат клучниот и последниот збор во партијата. Всушност, ако се анализираат политичките чекори кои ги влече г-динот Заев и неговото раководство и политичките игри кои континуирано се играат во СДСМ, тогаш станува сосема јасно кој е нивниот режисер, како ќе продолжи режијата натаму, и што следно можеме да очекуваме од оваа партија, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска.
Внатрешни извори од партијата потврдуваат дека ваквата поврзаност не е од сега, туку тоа датира од многу порано. Имено, Црвенковски го направи Заев должник кога му потпиша аболиција и го направи слободен граѓанин, иако на Заев му се закануваше казна затвор за криминал за кој се товареше од цели 8 ипол милиони евра.
Згора на тоа доаѓањето на лидерска позиција на Заев по заминувањето на Црвенковски од лидерската позиција на СДСМ во 2011-та година се случи со силната поддршка и лобирање на Црвенковски. Оттука, упатените тврдат дека Заев останува вечен должник на Црвенковски, а таков е и случајот со Радмила Шеќеринска, која влезе во политика поради поддршката на Црвенковски. Таа беше долгогодишен лидер на социјалдемократската младина кога Црвенковски беше премиер во деведесеттите и лице кое го следи низ целата политичка кариера, дури и во лажните ветувања за по еден вработен во секое семејство, како и претходно во процесот на приватизација и носењето на штетните одлуки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа