СДСМ: Управниот суд не ги зема предвид нашите докази
СДСМ денеска оцени дека Одлуката на Управниот суд во врска со нивното барање за одложување на верификацијата на нивните мандати од страна на Парламентот е потврда за селективната примена на законите.
- Во Решението на Управниот суд воопшто не се земени предвид доказите кои што ги даде СДСМ. Тие не биле ниту предмет на оценка. Партиската директива што ја спроведе Управниот суд ништо нема да промени. СДСМ останува доследен на ставовите и ќе истрае во борбата за правда, почитување на законите и создавање услови за одржување фер и демократски избори, изјави на прес-конференција Петре Шилегов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа