Нервоза и бес на Бихаќка: Советниците ги губат мандатите - СДСМ не знае што понатаму

 

СДСМ не знае што понатаму откако партијата следејќи ги одлуките на Заев за враќање на мандатите се заглави во сопствениот правен лавиринт. Извори од Бихаќка брифираат дека во СДСМ нема никаков договор што ќе се прави понатаму, бидејќи станува извесно дека Управниот суд не е надлежен да ја поништи постапапката за верификација на мандатите. Партиски извори велат дека доскоршените советници во општински совети се гневни на раководството што не превземало ништо за да ја спречи ваквата ситуација. Дел од советниците кои ќе останат без својот мандат му најавиле на раководството дека е можно да седнат во пратеничките клупи. Тие барале од Заев да започне преговори за враќање на пратениците во Собранието, пред да се случи, еден по еден самите да се вратат.
Во меѓувреме, Општина Битола на вчерашната седница го констатира престанокот на мандатот на двајца советници кои добија пратеничко место на последните парламентарни избори. За Васко Kовачевски од СДСМ, власта со овој потег да ги одземе и советничките мандати, очигледно сака да ги внесе социјалдемократите во нов правен лавиринт. 

Дека во СДСМ нема план што понатаму, потврди и партискиот портпарол Петре Шилегов кој вчера во изјава за медиумите рече едка ќе ја чекаат одлуката на Управниот суд а потоа ќе кажат какви мерки ќе превземат.

Доколку судот ја отфрли тужбта на СДСМ, пратениците на Заев во наредните 6 месеци, доколку не седнат во собраниските клупи ќе примаат по 30% од месечната пратеничка плата. 

21.05.2014 - 11:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега