Конфузија во СДСМ: Заев без мандат му пишуваше СМС пораки на Тачи но не му се јавуваше на Груевски
Вистинска конфузија владее во СДСМ откако Стевчо Јакимовски го разобличи Зоран Заев изнесувајќи во јавноста информации дека за време на отпорот додека социјалдемократите мрзнеа по скопските улици тој активно работел на тоа да се излезе на избори за да може да го задржи градоначалничкото место во Струмица. Јакимовски тврди дека Заев постојано му се јавувал на премиерот Никола Груевски молејќи го да влијае на одлуката да се пролонгираат роковите за пријавување на локалните избори.
Јакимовски рече дека Заев бил еден од првите кои му честитале за одлуката да му каже „не“ на Црвенковски и сам да излезе на изборите.
Соочен со изјавите на Јакимовски, Заев преку својата партија денеска испрати соопштение во кое вели дека немал мандат од партијата за да му се јавува на Груевски, алудирајќина тоа дека во тој момент, Црвенковски раководеше со опозицијата и дека тој носел такви одлуки.
Сепак, неодамна, лиедрот на ДПА, Мендух Тачи извади СМС пораки во кои јасно се гледа како Заев го моли за поддршка во времето додека Црвенковски е лидер. СДСМ испрати цела серија навреди кон Тачи но во ниту еден момент не демантираше дека токму Заев ги испратил тие пораки и не спореше со нивната автентичност.
Останува нејасно, како Заев имал мандат да го моли Тачи за поддршка на целата партија, а немал оластувања да му се јавува на Груевски и да бара одложување на датумите, за своја, лична корист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа