Се премислуваат пратениците на СДСМ - одлуката за бојкот пред колапс?
Одлуката за неприфаќање на мандатите и бојкотирање на институците е пред колапс откако неколку пратеници денеска најавиле дека најверојатно ќе ги прифатат мандатите и дека ќе седнат во собраниските клупи делувајќи како независни пратеници. Нашите извори велат дека дел од нив биле револтирани поради тоа што со верификацијата на пратеничкиот мандат ги загубиле работните места во јвните институции на кои биле поизиционирани. Станува збор за најмалку 4 пратеници, кои се наоѓаат на добитните места на пратеничките листи. Дел од нив денеска голем дел од денот го поминале во ходниците на Александар Палас во надеж дека партијата ќе се премисли и ќе ја смени одлуката, но според поледното партиско соопштение, тоа не се случи.
Во СДСМ владее паника некој од оние кои се подолу на листите да не се реши да седне во собраниските клупи, па извори од партијата не ја исклучуваат можноста, пратениците на кои им се верификувани мандатите цели 6 месеци воопшто да не поднесат оставки и на тој начин да не им дозволат на оние под нив да добијат пратенички мандат.
Press24 веќе објави дека либерал-демократката оза Топузовска Каревска воопшто и не потпишала изјава на нотар дека нема да ја рифати пратеничката функција и не се исклучува можноста и таа да им се придружи на овие пратеници со што ќе се отвори можноста за формирање на пратеничка група за која се потребни најмалку 5 пратенички столчиња.
Каревска беше против бојкот на Собранието и во мандатот на опозицијата во 2011 година.
Пратениците на СДСМ своите оставки можат да ги поднесат уште утре. Се што треба е избраните пратеници писмено да го известат Собранието (доколку не сакаат да влезат на седница) и тоа да им го потврди престанокот на мандатот.
Експертите веќе предупредија дека се мали можностите СДСМ да се реши на ваков чекор бидејќи како што велат, крајната цел на партијата не е враќање на мандатите туку креирање тензии и политичка криза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа