Шилегов: На Конгресот на СДСМ владее демократска атмосфера
СДСМ денеска го одржува 18 - от конгрес на кој делегатите треба да гласаат за доверба на актуелното раководство и телата на партијата, а најавен беше и извештај за претседателските и предвремените парламентарни избори. Според портпаролот на партијата Петре Пилегов, атмосферата на когресот, кој започна во 11 часот и се очекува да заврши доцна во ноќта, е демократска и фер.
- Околу 23 дискутанти дадоа целосна поддршка на актуелното раководство, седум беа против. Досега 18 општински организации на СДСМ на ниво на извршни одбори недвосмислено изгласале доверба на сегашното раководство. Атмосферата е демократска, фер, дискусиите се темелни. Делегатите имаа можност во целост да си го искажат своето мислење, и оние кои се за останување на актуелното раководство и оние кои имаат намера да гласаат за недоверба на раководството, изјави Шилегов.
Од 707 делегати на конгресот, според информациите од опозициската партија, присутни се 590. Гласањето, кое најверојатно ќе се одржи доцна вечерва, ќе биде тајно. За да им биде изгласана доверба на лидерот на СДСМ Зоран Заев и на потпретседателката Радмила Шеќеринска потребно е тие да добијат мнозинство гласови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа