Само еден пратеник на опозицијата не потпиша оставка - еве кој е тоа

 

Роза Топузовска Каревска од ЛДП е единствениотпратеник од опозициските редови кој не ја поотпишал својаа изјава за враќање на мандатите, дознава Press24 од партиски извори. Според нашите информации, раководството на опозицијата до последен момент било во телефонски контакт со Топузовска. Таа им одговорила дека и е потребно време да размисли, а подоцна, воопшто не се јавувала на телефон. Нашите извори велат дека на крајот на нејзиниот телефон се јавил нејзиниот сопру кој ги замолил луѓето од опозициските редови да не ја бараат повеќе.

Зошто Топузовска Каревска одбила да ја потпише оставката се уште нема информации. Се обидовме да стапиме во контакт со неа, но бројот кој што и е познат на нашата редакција не беше достапен.

Роза Топузовска Каревска веќе има искуствo како пратеник во македонското Собрание. Од превземањето на власта во општина Центар од страна на нејзиниот партиски шеф, Андреј Жерновски таа доби и работа во единицата на локалната самоуправа.

11.05.2014 - 12:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега