Противниците на Заев утре нема да може да гласаат на Конгресот

 

Членовите на СДСМ кои важат за главни противници на Зоран Заев нема да може да гласаат на утрешниот Конгрес на партијата. Со оглед на тоа дека станува збор за поранешни пратеници кои по функција беа членови на Конгресот, престанокот на нивината функција во македонското Собрание значи дека го губат правото на глас и нема да можат да решаваат за тоа дали Заев ќе остане на претседателската фотелја. СДСМ е една од ретките партии која го крие списокот со делегати па се што се знае е дека на утрешниот Конгрес се поканети нешто повеќе од 700.
Тоа значи дека Заев утре може да ја задржи функцијата и со само 120 гласа. Статутот на СДСМ вели дека одлуката за изгласување доверба на Заев може да се донесе со мнозинство од вкупниот број на делегати под услов тие да не се помалку од една третина од вкупниот број на запишани. 
На поседниот Конгрес на СДСМ пред изборите од пријавени над 700 делегати, присуствуваа нешто повеќе од 500.

10.05.2014 - 21:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега