На денот на Европа опозицијата го прати Тито да се „расплука“ по ЕУ
Преку Петар Стано – портпарол на еврокомесарот за проширување, официјален Брисел соопшти дека: „И по овие избори ЕУ изразува загриженост во врска со ситуацијата на поларизирани медиуми, проблемот на неутралномедиумско покривање, слабите професионални стандарди и отсуство на ситем на саморегулирање, замаглување на државните и партиски активности кои не обезбедуваат фер игра.И уште еднаш ја потсетува македонската јавност дека „не се остварени недостатоците забележани во извештаите за иборите од претходните три циклуси“.( 2009, 2011, 2013 година)
Но сепак, претпочита ангажман, а не повлкување и дека „ќе продолжи да ги поттикнува политичките лидери да се ангажираат во конструктивен дух за решавање на актуелните прашања“.
Такви и слични дипломатски флоскули од Брисел ќе слушаме и по овие и по секој наредни избори. Во меѓувреме Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со компромитација на изборниот процес и целосно заокружување на диктаторскиот режим во Република Македонија. И сето тоа за никого не треба да биде изненадување и повод за соодветна реакција. ЕУ и меѓународна заедница во целина, како нормален и оправдан го прифати чинот на исфрлање на пратеници и новинари од пленарната сала на македонскиот парламент во декември 2012 година. Т.н „црн понеделник“ од 24.12.2012г. ќе остане најсрамниот датум во поновата македонска историја, но и доказ за искривното сваќање на меѓународната заедница за парламентарната демократија воопшто.
Оправдувајќи го на посреден начин, чинот на упад на специјална полиција во македонскиот парламент меќународната заедница, практично застана на страната на насилието и политичкиот криминал. Застана на страната за злото што ја врши неправдата. Нема да изненади никого доколку и по овие избори застане зад погрешната страна
Ако ЕУ прифати, договорот на власта и опозицијата за „црниот понеделник“ под нејзино медијаторство, да заврши како „тоалетна хартија“, без никаков проблем и грижа на совест и овие претседателски и вонредни парламентарни избори ќе ги прифати како „ефикасно спроведени и ќе го признае нивниот легитимитет. И тоа во услови кога пред очи на ЕУ и пошироката меѓународна заедница, двете владејачки партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во предизборната кампања демонстрираа тврд, милитантен национализам и шовинизам. Практично, толерира и дозволува Република Македонија да се гуши во етнички фундаментализам. Неутрално гледа сеир, на се она што и се случува на земја-кандидат за полноправно членство во нејзиното друштво. И така 24 години, Македонија живурка и со статус кво, постепено, но сигурно од внатре еродира, осиромашува и секоја година и ќе ја дочекува со помалку население.
Уште колку ли години треба да чекаме за да од Македонија се отселат и последните граѓани, за да ЕУ и меѓународната заедница немаат повеќе проблем со Македонија и Македонците.
По низата нерегуларности на овие избори што ги забележа и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, бирократите од Брисел и Вашингтон треба да сватат дека во Македонија полесно се испушта душа одколку власт и дека треба да направат соодветна стратегија за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. И тоа час поскоро. Во спротивно, во догледно време, ниту тие, ниту Грција не ќе имаат партнер со кого ќе преговараат, освеан ако тоа не им е намерата и крајната цел.
(Интегрален текст од изјава на Тито Петкосвски, претседател на НСДП)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа