Централен одбор на СДСМ: Одлука за враќање на мандатите нема
Се уште нема одлука за враќање на мандатите на Централниот одбор на СДСМ. Во напната атмосфера се уште трае дискусијата. Дел од функционерите на СДСМ и членови на ЦО араат оставка од Заев иако има и такви кои ги поддржуваат неговите одлуки. Коментарите се дека најголема грешка било составувањето на пратеничките листи каде беа ставени неискусни и непознати кадри. Токму поради тоа, како што коментираат членовите на ЦО, СДСМ загубил голем број гласови и значително си го намалил бројот на пратеници. Во жешката дебата поранешен висок функционер на СДСМ станал и ја напуштил седницата.
Нервозни членови постојано излегуваат и влегуваат во зградата на Бихаќка.
За дебата се пријавени голем број дискутанти што значи дека седницата ќе трае до доцна во ноќта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев: Џабе ми барате оставка - не си одам
Врие на Бихачка: Заев целосно разголен
Долга ноќ на Бихаќка: Оставка на Заев или враќање на мандатите?
ЦО на СДСМ: На големо се бара оставка од Заев
Заев пред ЦО на СДСМ: Моравме да одиме на избори за да докажеме дека сме подобри од ГРОМ
Еско Рахиќ до Заев: Ќе бидеш сменет на Конгресот на 11 мај
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа