Стево Пендаровски барал поддршка од ДУИ
Стево Пендаровски, кој според последните пишувања во медиумите ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, вчера остварил средба со висок претставник на ДУИ и ја барал поддршката од нив, пишува Денешен, повикувајќи се на извори од партијата.
Името на Пендаровски веќе подолго време се врти во медиумите. Како што објавивме синоќа, извори од Бихаќка за Пресс24 потврдија дека Пендаровски објавил дека ќе се кандидира за претседател на државата, а Конгресот на СДСМ кој треба да се одржи на 4. март, ќе биде чиста формалност.
Високи партиски извори за Денешен откриле дека Пендаровски вчера остварил средба со висок претставник на ДУИ и ја побарал поддршката од нив за претседателската трка.
Во меѓувреме, СДСМ е во паника и трага по “кртот“, кој издаде дека најголемата опозициска партија нетраспарентно, без процедура и без внатрепартиска постапка согласно Статутот на партијата ќе го избере Пендаровски за свој кандидат за претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа