СДСМ реагира на текстот на Press24- извори од Бихаќка откриваат нови детали
Со соопштение испратеnо до сите медиуми СДСМ реагира на текстот кој вчера го објави Press24 во кој беше обелоденет ставот ан највисокот партиско раководство- Стево Пендаровскид а биде кандидатот за претседател кој самп ќе биде верификуван на партискиот конгрес закажан за 4ти март.
„Провладините медиуми преку тенденциозни текстови продолжуваат со пласирање шпекулации за СДСМ. На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ одлучи 16-тиот Конгрес на партијата да се одржи на 04-ти март 2014 година. На Конгресот ќе се избере кандидатот на СДСМ за Претседател на Република Македонија. Внатрепартиската постапката во СДСМ, за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија е во тек и се одвива согласно Статутот на партијата“, е интегралниот текст кој го испратија од Бихаќка.
Во меѓувреме, извори од врвот на партијата појаснуваат во какви околности и со какви услови Пендаровски ќе влезе во претседателската трка, тема за која вчера дискутирал партискиот врв. Клучен предуслов е во април да се одржат само претседателски а не и предвремени парламентарни избори. Во таква ситуација во врвот на СДСМ се калкулира со можноста Пендаровски да биде поддржан и од дел од албанските политички партии а ќе се добие и доволно простор за негова медиумска промоција. Во случај на истовремено водење и на кампања за парламентарни избори, Пендаровски би бил маргинализиран па токму затоа и не би прифатил да биде претседателски кандидат, вели нашиот добро упатен извор. Ова е клучната причина поради која СДСМ го закажа својот Конгрес на 4ти март, ден по крајниот рок за распишување на предвбремени парламентарни избори кои би се одржале во ист ден со вториот круг од претседателските избори. Доколку парламентот ги распише изборите во понеделник, СДСМ во вторник ќе излезе со поширока листа на кандидати зашто извесно е дека Пендаровски ќе се повлече, брифираат од Бихаќка. Во спротивно ќе се остане на вчера донесената одлука и само ќе се побара нејзина потврда од Конгресот.
Пендаровски за Република тврди дека до сега не бил контактиран од било кого од СДСМ а одлуката дали ќе влезе во трката ќе ја донел кога до него ќе стигне таква понуда.
- Јас и сега можам само да ви кажам дека никој, ама баш никој, до овој момент не седнал со мене воопшто да разговара на таа тема. Не знам дали некои организации на СДСМ ме предложиле, но за да воопшто дискутираме за ова, прво мора мене да ме контактираат – вели Пендаровски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа