Сите деца им се родиле на ист датум

 

На Емили Стригам и Питер Дан секое од децата им е родено на ист датум различна година. 

- Тоа не беше така планирано - вели среќната мајка. Сем се роди две недели по предвидениот термин, близначките ми се родија еден месец порано а Рајан три дена подоцна од очекувањата на лекарите - вели Емили.

Близначките итно мораа да се родат со царски рез бидејќи лекарите не ги слушаа отчукувањата на нивните срца. Не сакав да се родат на ист ден со нивниот брат Сем но немав избор. Рајан пак очекував да се роди на 9-ти јануари, но тој почека токму до 12-ти. сега имаме едно убаво и специјално семејство! , вели мајката на децата.

Нивниот татко Питер уште збунето размислува дали е подобро сите да слават роденден во ист ден.

17.01.2014 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега