ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ураганот Хелен, еден од најсилните овој век, ја погоди Флорида. Засега не се познати последиците бидејќи таму е ноќ, а гувернерот најави дека повеќе ќе знае наутро по локално време.

Жител на Флорида за Си-Ен-Ен раскажа дека сметал оти бурата нема да биде сериозна.

„Бурата започна прилично бавно, а потоа, бидејќи живеам во близина на водата, одеднаш почна и нивото на водата само се зголемуваше и растеше“, изјави Хелер за Си-Ен-Ен.

Хелер на социјалните мрежи објави видео на кое може да се види како весла низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија, апарати и мебел.

„Тоа беше мојот план за бегство ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба“, рече тој.

Тој додаде дека во минатото имал поплави дома, но ова е најголемата поплава што ја доживеал.

Хелер подоцна се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој поминал многу бури во текот на својот живот.

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

 Storm Coming - Once Monsters

27.09.2024 - 18:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега