ВИДЕО: Додик сакаше да го бакне Путин три пати, наместо втор бакнеж, претседателот на РС го бакна „воздухот“
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Кликс пишува дека на средбата се случила малку смешна ситуација кога Додик отишол да го бакне Путин три пати, но очигледно еднаш му било доволно на Путин.
Изгледаше дека Путин е збунет од ситуацијата, па го потапка Додик по рамо и ги избегна другите два бакнежи.
Путин на средбата рекол дека Русија не го менува ставот во однос на Дејтонскиот договор и оти сметаат дека Дејтон е основа за зачувување на ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и за развојот, пренесува Кликс. Путин рече дека е познат ставот на Русија и изјави дека надлежностите во Дејтонскиот договор се фиксирани и дека Русија ќе придонесе за тоа.
„Господине претседателе, драг пријателе, топло ви посакуваме добредојде во Санкт Петербург. Не толку одамна се сретнавме на спортски настан. Денес ја прифативте нашата покана да учествувате во работата на форумот во Санкт Петербург. Ние сме многу среќни поради тоа“, му рече рускиот претседател на Додик.
Додик, од друга страна, му се заблагодари на Путин за „принципиелноста за Дејтонскиот договор“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа