Прогласена епидемија во пола Бугарија - се воведува онлајн настава

 

Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на грип.

Во градовите Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип, мерките ќе останат во сила до 5 февруари, а од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник.

 

Инаку во дванаесет региони во Бугарија веќе се на сила антиепидемиските мерки - Бургас, Варна, Велико Трново, Габрово, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Софиско, Смолјан, Шумен и Јамбол, покажуваат податоците на Министерството за здравство и регионалните здравствени инспекции.

 

Јамбол и Велико Трново се соодветно деветтата и десеттата област во Бугарија што воведоа привремени антиепидемиски мерки. Тие вклучуваат прекин на закажаните консултации на здрави трудници и деца, превентивни прегледи и задолжителни имунизации. А, во училиштата и градинките се воведува дневен филтер.

Во Бугарија главно циркулираат грип А и грип Б, а пикот на епидемијата се очекува за неколку дена.

Во Бургас денеска одлучуваат дали ќе распишат одмор за учениците поради појавата на грип. Минатата недела, во приморскиот град прогласија епидемија на грип (беа заразени 14 отсто од учениците), но процесот на настава продолжи. До крајот на неделата онлајн настава има во Пловдив и во училишта во Габровско, јавија бугарските медиуми.

30.01.2024 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега