Се запали болница во Србија - евакуирани сто пациенти
Пожарот што избувна синоќа во Специјализираната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ е локализиран дури изутрината, а спасувачите ги принуди да евакуираат околу сто пациенти, меѓу кои и триесетина деца, јави Радио телевизија на Србија.
Пожарот, чија причина се уште не е позната, ги зафати покривот и горниот кат на болницата во зимскиот туристички центар на планината Златибор, при што се евакуирани вкупно 114 пациенти.
Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ изјави дека сите неподвижни и други пациенти се евакуирани и сместени во околните хотели.
Засега е неизвесно кога болницата која прима пациенти од повеќето земји во регионот, ќе продолжи со нормална работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа