17-годишниот Ѓорѓи го фати крстот од осветените води на Вардар

Меѓу 157-те пријавени лица, 17 годишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите во реката Вардар во Скопје.

„Здравје, среќа…Господ е голем, Господ гледа се. Да се обедини македонскиот народ и се најдобро“ кажа момчето по фаќањето на крстот.

Оваа година не беше лесно да се плива во надојдениот Вардар, бидејќи водата им го отежна пливањето на скокачите. Спасувачките екипи имаа полни раце работа – ги извлекуваа со чамци и јажиња од водите.

Среќниот фаќач беше даруван од архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан, од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и од повеќе спонзори на манифестацијата.

19.01.2024 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега