Србинка возејќи со брзина од 240 км/ч излета од патот – од нејзиното БМВ не остана ништо
На страницата на Инстаграм „192_rs“ објавено е видео кога автомобил БМВ излетал од патот во Смедерево и паднал по скали. Во таа прилика две девојки биле повредени.
Претходно беше објавена фотографија од ова „BMW“ на која се гледа брзинометар кој покажува дека се вози 240 km/h.
Возилото го управувала млада жена, која не е тешко повредена, додека нејзината сопатничка е со сериозни повреди.
На фотографијата која е објавена се гледа автомобил кој е целосно уништен. Делови од возилото биле расфрлани на сите страни, од него истекла и течност.
View this post on Instagram
17.11.2023 - 22:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа