(ВИДЕО) Специјалци влетаат во хотел - филмско апсење во Белград
Браќата Љубан и Миљан Хофман Видовиќ се уапсени денеска во луксузен белградски ресторан во трговски центар, јавува Блиц.
Се појави и видео на кое се гледаат маскирани и вооружени припадници на Управата за криминална полиција (УКП) како упаднале во ресторанот и ги опкружуваат браќата и мажите кои биле со нив. После тоа сите биле однесени, а гостите на локалот со неверување ги гледале овие драматични сцени.
Покрај двајцата браќа, по наредба на Вишото јавно обвинителство уапсени се уште три лица.
Љубан и Миљан Хофман Видовиќ, кик-боксери, последните денови се во центарот на вниманието во БиХ и Србија по објавувањето на видеото во кое им се закануваат на сопствениците на ресторани и келнерите.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа