Трагедија во Германија: Почина момчето кое беше застрелано на училиште

 

Во Офенбург на југоистокот на Германија, 15-годишен ученик застрелал врсник кој починал во болница денеска среде настава во училиште, соопшти полицијата.

„Повредениот ученик во меѓувреме починал во болница“, се вели во соопштението на полицијата.

Според полицијата, во четвртокот околу пладне 15-годишно момче влегло во училница во училиште во Офенбург во сојузната покраина Баден-Виртемберг и тешко повредило врсник со истрел од огнено оружје.

Потоа бил совладан и задржан до доаѓање на полицијата, а е во притвор поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство.

Припадниците на специјалната полиција со часови потоа го пребаруваа училиштето за да се уверат дека сторителот дејствувал сам.

Германските медиуми јавуваат дека станува збор за училиште за ученици со потешкотии во учењето и дека осомничениот е германски државјанин.

Исто така, во средата имаше голема полициска акција во Хамбург, откако двајца ученици и се заканија на наставникот со огнено оружје, кое подоцна се покажа дека се играчки.

09.11.2023 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега