Шолц повика на мирно решение на Косово: За мене е многу важно ситуацијата да не ескалира дополнително
Германскиот канцелар Олаф Солц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина, јавува „РТВ“.
„За мене е многу важно ситуацијата меѓу Србија и Косово дополнително да не ескалира. Ние сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање“, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин, јави агенцијата „Анадолија“.
Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара во четврток и петок кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на Самитот на Европската политичка заедница.
На самитот, меѓу другите, ќе присуствуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа