Тинејџер бил брутално претепан во Загреб затоа што облеката му била смешна

 

 

Тројца малолетници, кои пред неколку дена брутално претепаа младо момче во загрепска Дубрава, нанесувајќи му сериозни повреди на главата, вчера се приведени во истражен затвор. Според Н1 мотивот за нападот била облеката на младиот човек, која насилниците ја сметале за смешна. Како што рекле по приведувањето, на него забележале нараквица и искинати панталони, па се нафрлиле врз него.

Го следеле извесно време во трамвај и автобус. Откако излегол, тргнале по него.

Еден од нив, го потапкал по рамо и му побарал запалка. Кога младиот човек почнал да бара по џебовите, едниот напаѓач го оттурнал и тој паднал на земја. Тогаш малолетникот, кој бил предводник на овој насилен испад, почнал да го удира со клоци во пределот на главата.

Другите двајца му се придружиле, додека четвртиот стоел настрана.

Тројца малолетници се осомничени за нанесување тешки повреди, за кои законот предвидува затворска казна до пет години. Обвинителството побара притвор за насилните малолетници, што истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб вчера го прифати. Констатирано е, имено, дека постои страв дека повторно би можеле да направат кривично дело, иако досега не биле осудени.

Инаку, овој случај стана познат откако мајката на нападнатиот 18-годишник на својот Фејсбук објави дека четири момчиња го следеле, а потоа го претепале нејзиниот син, кој се здобил со повеќе повреди на главата и телото. Таа изјавила дека случајот бил пријавен во полиција и побарала помош од соседите и познаниците доколку имаат информации за напаѓачите. Во овој момент, сите напаѓачи се идентификувани.

03.08.2023 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега