(ВИДЕО) Невремето синоќа ја парализираше Босна и Херцеговина: Ураганските ветрови уриваа дрвја, носеа покриви од куќите
Во текот на ноќта Босна и Херцеговина беше погодена од силно невреме пропратено со урагански ветришта што уриваше дрвја, носеше покриви од куќи и предизвика прекин на електричната енергија.
Ветерот корнеше дрвја во Травник, Мостар и Сараево, но не е забележана поголема штета, пренесува порталот Кликс.
Слични последици има и на подрачјето на Бугојно, а локални портали јавуваат дека мештаните го расчистиле патот каде паднале дрвјата.
Од невремето нема пријавени штети на подрачјето на Зеница, но во текот на ноќта имаше краток прекин на струја во целиот град поради удар на гром.
Во населените места во Бања Лука синоќа при невреме со грмотевици снема струја во некои населени места како Пискавица. Во Високо ветерот собори голем број дрвја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа