42 отсто од Хрватите не може да си дозволат седум дена на море

 

 

Од сто Хрвати лани, 42 од нив немале доволно пари за да одат на одмор, а според овој критериум, само Романија, Бугарија и Грција биле полоши од Хрватска во ЕУ, пишува „Вечерњи лист“.

Последните податоци на заводот за статистика на Европската Унија, Евростат, покажуваат дека 7,6 отсто од Луксембуржаните и 10,2 отсто од Швеѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор. Заедно со Луксембург и Шведска, најдобри се Финска, Холандија и Данска, каде што 12 отсто од граѓание не можат да си дозволат една недела годишно.

На дното на оваа ранг-листа се Романците, од кои 62,5 отсто може само да сонуваат да одат на седумдневен годишен одмор. Заедно со Романија, најлошо е во Бугарија и Грција, каде што 48,8, односно 43,8 отсто од граѓаните, не може да си дозволат да патуваат.

Седумдневно патување годишно не може да си дозволат 41 отсто од Унгарците, 34,2 отсто од Италијанците, 33,8 отсто од Словаците, 27,6 отсто од Полјаците, 18 отсто од Чесите, 16,7 отсто од Словенците и 13,8 отсто од Австријците.

18.07.2023 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега