Србија: Сестра му го нервирала за интернетот па ја избодел со нож

 

Малолетничкото насилство станува еден од најсериозните проблеми во општествата. Не само на улица и во училиштата, туку и во семејните домови.

Вo селото Долна Трница, кај Трговиште (Србија), 12-годишно момче во семејниот дом со кујнски нож ја избоде сестра си во препоните од левата страна по расправија за користење на интернет.

На оштетената и била укажана лекарска помош во Здравствениот дом во Врање, а потоа била препратена во Универзитетскиот медицински центар во Ниш.

Животот на девојчето не е во опасност и според првите податоци се работи за полесна повреда.            

Од Вишото јавно обвинителство го потврдија инцидентот, но не соопштуваат детали, со оглед дека се работи за малолетно лице.

 

15.07.2023 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега