Обвинителството во Приштина покрена истрага за тепачката во парламентот

 

 

Основното обвинителство во Приштина соопшти дека покренало истрага за тепачката што денеска се случи во косовскиот парламент, објави Коха, а пренесе КоССев.

Во соопштението се наведува дека обвинителството ја овластило полицијата да ги преземе сите потребни истражни дејствија, вклучително и давање изјави.

„Обвинителството во целосна координација со косовската полиција ќе ги преземе сите дејствија согласно законските одредби до целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението.

Како што јавија косовските медиуми, претставникот на Демократската партија (ПДК) на Косово, Мергим Љуштаку, денеска го полил со вода премиерот на Косово Аљбин Курти, кој зборувал за планот за деескалација на северот.

Следуваше општа пресметка меѓу пратениците кои застанаа во одбрана на Курти и оние кои излегоа на другата страна.

13.07.2023 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега