Милановиќ од Литванија: Играме опасна игра со Украина и НАТО
Играме опасна игра. Ако Украина беше поканета во НАТО, тоа ќе беше објава на војна против Русија.
Ова го истакна претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ за време на посетата на хрватските војници кои учествуваат во борбената група на НАТО во Литванија, лоцирана во база Алијансата.
Тој рекол дека се воздржува од изјави на таа тема.
-Тоа се настани каде што сте опкружени со луѓе неколку дена. Разговарате со други државници за тоа што е направено, што може да се направи, што не треба да се направи, таму го гледам хрватскиот интерес, рече Милановиќ.
Вели дека се занимава со теми кои се од интерес на Хрватска и што се случува во Босна и Херцеговина.
-Денес се занимававме и со Кина, што е неприродно. НАТО е северноатлантска организација, имаше иницијатива да се отвори канцеларија во Јапонија, вели Милановиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа