Пожар во грчкото одморалиште Евија: 82 пожарникари го гаснат со 24 противпожарни возила

 

 

Шумски пожар од големи размери го зафати грчкиот остров Евија, соопштија денеска пожарникарите.

Соопштено е дека во рамки на полициската акција е уапсен постар маж, одговорен за невнимание за предизвикување пожар во шумски предел.

Во гаснењето на пожарот, недалеку од селото Милаки, во општина Кими-Аливери и на околу 70 километри од Атина, ангажирани се 82 пожарникари и 24 противпожарни возила. Во гасењето учествува и авион, јавува грчката телевизија АНТ 1.

На тој простор се цементарницата АГЕТ Хераклис и електраната ППЦ, но не се во опасност, ниту населеното место, бидејќи пожарот се шири на другата страна.

„Пожарот е во полн ек, но засега, за среќа, куќите не се загрозени. Сепак, пожарот гори во области кои се многу недостапни за пожарникарите. Овде ќе останеме додека пожарот не биде под контрола“, изјави заменик градоначалникот Никос Баракос.

07.07.2023 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега