ВИДЕО: Се бара атрактивна девојка, која завела маж во кафуле и му украла 600.000 долари

 

Полицијата во Мајами објави видео од оскудно облечена жена во нејзините 30-ти години во лифт за која велат дека дрогирала маж во неговиот стан, а потоа му украла накит вреден 600.000 долари, пишува New York Post.

Бараат помош од граѓаните во потрагата по крадецот, која меѓу другото украл два ролекса од станот на маж што го запознала претходниот ден.

Откако го запознала мажот во кафулето The Dirty Rabbit во Вајнвуд на 8 мај, тој ја поканил во својот стан во раните утрински часови, околу 5:30 часот. Веднаш штом стигнале во станот му ставила дрога во пијалокот, информираат од полицијата.

Мажот се онесвестил набргу откако се напил.

Дека е ограбен, сфатил дури околу пладне кога се разбудил. Сефот бил отворен од кој исчезнал целиот накит. Исчезнала и жената со која се сретнал во зората.

Меѓу скапите предмети што ги однела жената биле Rolex Daytona Rainbow со дијаманти и Rolex Sky-Dweller. Таа украла и златен синџир, златни Франко алки, очила за сонце Картие и прстен од розово злато, извести полицијата.

Полицијата се обидува да ѝ влезе во трага на жената врз основа на снимката од надзорната камера во лифтот на зградата во која живее ограбениот. Таа била прикажана во лифтот кога таа и мажот од кафулето доаѓале во неговиот стан и повторно кога излегувала од неговиот стан.

Додека набрзина излегува, во раката држи чаша Соло.

– Можеби мислите дека таа само излегува со шолја. Таа има чаша во раката бидејќи на неа е нејзината ДНК. И неговата ДНК, но и дрогата што ја ставила внатре, изјави полицаецот Мајкл Вега, портпарол на полициската управа во Мајами, пишува New York Post.

24.05.2023 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега