Делегација од Теслиќ во посета на Општина Кисела Вода

 

Делегација предводена од заменик градоначалникот на градот Теслиќ во Република Српска, Борислав Тесиќ, денес беше во посета на општина Кисела Вода. На средбата со градоначалникот Ѓорѓиевски, се проговори за предизвиците и можностите на двете локални самоуправи, а беа дефинирани и сферите во кои ќе отпочне понатамошната соработка. Како прв чекор кон збратимувањето на Кисела Вода и Теслиќ, е потпишувањето на меморандум за соработка, преку кој треба да донесе културен и економски бенефит за жителите од двете општини.

-Оваа срдечна средба е од голема важност, бидејќи ќе резултира со збратимување на нашите општини и можност за понатамошна соработка во сферите кои се од заеднички интерес.

Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат двете општини и нашите сограѓани, а подетално се запознавме со сличностите но и разликите во раководењето и поставеноста на локалните самоуправи во Република Македонија и Република Српска.

Прв чекор кон ова ново партнерство ќе биде потпишување на меморандум за соработка, кој со сигурност ќе има културен, бизнис и економски бенефит за жителите од двете општини.

Благодарен сум за интересот и можноста, уште повеќе за тоа што сега за нашата Кисела Вода се зборува во суперлатив и стекнуваме пријателства кои во иднина ќе ги негуваме и продлабочуваме-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по повод денес остварената средба.

15.02.2023 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа