Гази Баба најавува изградба на четири нови градинки

 

Нови детски градинки ќе добијат населеното место Трубарево и населеното место помеѓу Маџари и Ќерамидница. За градинката во Синѓелиќ и за градинката во Инџиково во моментов се подготвува проектна документација, информираше денеска градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

– Тоа значи дека уште во првата година од мојот мандат, почнавме со изработка на проектна документација, урбанистичка документација за четирите градинки, што се мое ветување пред граѓаните. Во мојот мандат, јас верувам дека тие четири градинки ќе ги реализираме во општината, подвлече Стефковски.

Како што појасни тој, процедурите налагаат прво да се направи урбанистичка документација.

– Што значи да се направи урбанистички проект со цел да се вцрта маркица за градинка во рамки на училишниот двор кај старото училиште, потоа втората фаза за изработка на проект на градинка и последната фаза е распишување на тендерска постапка и отпочнување со реализација на градинката. Јас се надевам дека оваа година ќе ги завршиме двете фази, односно изработката на урбанистичкиот проект и изработка на проектот и нормално со наши сили и со поддршка од централната власт, ќе почнеме со реализација на градинката, додаде Стефковски, одговарајќи на новинарско прашање за таа во Синѓелиќ.

Тој присуствуваше на отпочнување на изградба на фекална канализација во Страчинци.

13.01.2023 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа