Арсовска „распали“ и по Битиќи: До каде се инвестициите од Гугл и Фејсбук?
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако два дена беше недостапна за медиумите, штотуку се огласи на социјалната мрежа Фејсбук за актуелната состојба во главниот град, но не за да понуди решение за колапсот во истиот, туку даде информации дека утре ќе се отвори јавен повик за да аплицираат приватните превозници со цел да бидат во функција линиите 20 и 22, но „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат.
Но, покрај ова Арсовска во статусот на Фејсбук се фокусираше и да постави неколку прашања на политичките партии, кои пак, цели два дена меѓусебно се обвинуваат за ситуацијата во Скопје.
Што се однесува до изјавата на вицепремиерот во владата на СДСМ Фатмир Битиќи, пред да зборува за некаква неподготвеност на Градот, прво да одговори на неколку прашања, пишува градоначалничката Арсовска на Фејсбук.
„- До каде е автопатот кон Охрид?
- До каде е автопатот кон границата со Бугарија?
- До каде е Клиничкиот центар?
- До каде се инвестициите од Гугл и Фејсбук?
- До каде е инфлацијата?“, прашува Арсовска.
06.12.2022 - 16:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа