Шаќири вработена во ЈСП: „Не можеме вака да издржиме“
Очекувам што побргу да ни се исплатат платите не можеме вака да издржиме.Јас гладна легнувам, гладна станувам до тој степен сме дојдени, вели Макфире Шаќири која работи како возач во ЈСП во изјава за 24ТВ.
Таа вели дека очекува проблемите во претпријатието да се решат побрзо.
-Се надевам дека овој проблем ќе се реши побргу, жалам за патниците за луѓето кои одат на работа и училиште, но се надевам дека нема да трае оваа состојба долго и наскоро ќе се вратиме на работа,кажа Шаќири.
Автобусите на ЈСП утрово останаа паркирани во двете бази на претпријатието во Ѓорче Петров и Автокоманда.
Вработените уште од 04:30 часот утринава се собрани во кругот и јавното претпријатие барајќи исплата на септемвриската плата.Но наместо плата вработените во ЈСП „Скопје“ заработија кривична пријава од Градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа