Ковачевски контра изјавите на Мицкоски: „Нема ниту една јавна набавка за која е склучен договор во четири очи“

 

Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски вечерва се спротистави на изјавите на лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, кој пак реагираше за начинот склучување на договори во Електрани.

 

Мицкоски денеска, вчера и секој ден додека трае кризата не обвинува, изјави Ковачевски во вечерното интервју за „360 степени“.

Ковачевски вели дека откако е на оваа функција, а и претходно како директор на РЕК „Битола“, нема ниту една јавна набавка за која е склучен договор во четири очи.

„Ова најодговорно го тврдам пред цела јавност – секогаш кога се вршеле постапки без претходно објавување оглас, биле повикувани најмалку три фирми, некогаш пет, некогаш седум, некогаш 11, во зависност од тоа за која постапка се работи и секогаш имало транспарентност и конкурентност и секогаш се бирала најниската цена. Меѓутоа, кога веќе некој ве обвинува за договори во четири очи и покажува со прст кон некого, тој истиот што денеска, вчера и секој ден додека трае кризата нè обвинува, седел на моето столче и бил директор во ЕЛЕМ и во неговиот мандат и период имало 44 постапки без објавување оглас односно постапки со преговарање. И тогаш се склучувале договори за ископ на јаглен, и тогаш се склучувале договори за ископ на јаловина, и тогаш се склучувале договори за помошна механизација по 200, по 300, по 400 милиони денари. Дали тогаш не биле договори во четири очи? Или само сега се договори во четири очи“, изјави Ковачевски за „360 степени“.

16.09.2022 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа