Зголемени цените на производителите на индустриски производи за 18%

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 18.0 % на годишно ниво.

Во јули 2022, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5 %, во секторот Преработувачка индустрија  за 1.0% , а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 27.1%.

Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 16.7 %  и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 49.0 %

12.09.2022 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега