Не се краде струја само во Арачиново - се краде и во Скопје

 

„Заради неовластено користење на електрична енергија мрежата е преоптоварена и се случуваат дефекти“ – претставник од ЕВН

„Тие не се никакви крадци“ – Крешник Бектеши, министер за економија

Со вакви ставови заврши едночасовната средба меѓу министерот за економија, градоначалникот на Арачиново и претставници од засегнатите институции откако вчера општината повторно доби струја.

Проблемот, според Бектеши, ќе се решава од понеделник кога екипите на ЕВН ќе почнат да вршат наплата на долговите.

„Точно е дека има загуби на електрична енергија, но загубите не се само во Арачиново и само Арачиново да се земе како општина што не плаќа фактури за електрична енергија или пак да бидам подиректен, тоа што слушаме последните денови, дека се краде струја. Во секоја општина и во секое семејство понекогаш има некој што не ги почитува регулативите на тоа што треба да го одржиме“ – Бектеши

Како градови кои имаат поголеми загуби на струја ги посочи Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево и ги повика сите да ги платат своите долгови.

Од ЕВН, пак, очекуваат од следната недела непречено да си ја вршат својата работа.

„Ние мора да имаме непречен пристап до основните средства, како што далеководи, трафостаници, броила. Мора да обезбедиме истите да работат точно. Мора нашите екипи непречено да работат. Не само да работат, туку откако ќе си заминат тие средства треба да останат безбедни“

Арачиново речиси 2 дена остана без струја, а вчера жителите излегоа и на протест.

26.08.2022 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа