МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

 

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2022 година.

МТСП соопшти дека корисниците на парични права кои имаат дебитна картична, можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска,​ 4 август 2022 година.

„Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето“, се вели во соопштението.

 

·         04.08.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

·         05.08.2022– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

04.08.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа