Бесими: Инфлацијата ќе биде во просек 7.2%
Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 анализа, на ТВ24 истакна дека ребалансот на буџетот ги апсолвира сите тие мерки што беа преземени од март годинава за справување со кризата и тоа што не чека годинава.
- Тоа значи дека буџетот ако беше планиран на 545 милиони евра дефицит, е некаде на ниво од 695 милиони евра. Инфлацијата се зголемува во однос на првичните 2,4 %, и проекциите се дека во просек ќе биде 7.2%. На светската сцена се променија работите, се случија непредвидливи работи. Стана пракса на три месеци да гледаме ревидирање на проекции. Ние сега живееме во период на постојани кризи, рече Бесими.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа